Хаос во скопско казино: Нападнат вработен оти не дозволил влез на малолетник, му дошле четворица

Макфакс

01/05/2025

16:53

1.696

Големина на фонт

а а а

Вработен во скопско казино синоќа околу 2 часот бил нападнат од четири лица, откако не му допуштил влез на малолетник во казиното.

„Дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот“, информираа од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.