Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, на прес конференцијата по ремито со Барселона 3:3, го пофали настапот на Ламин Јамал.
Јамал постигна гол и двапати ја погоди гредата.
„Не сум видел играч како Јамал во последните осум или девет години. Моравме да ставиме тројца играчи до него, што отвори простор во другите делови од теренот. После тоа, неговото ниво малку падна“, рече Инзаги.
„Стратегијата на Барселона е ризична, но се исплати. Тие постигнаа повеќе од 150 гола, освоија два трофеи и сè уште се борат за два. Нашата изведба беше на многу високо ниво“, дополни тренерот на Интер.
Реваншот е закажан за вторник во Милано.