Скромната кореографија на „Емирејтс“ во пресрет на полуфиналето во Лигата на шампиони служи за потсмев на социјалните мрежи, но според Вејн Руни, покрај лошата кореографија, на вчерашниот меч во Северен Лондон навивачите потфрлиле и во делот кој е најважен за избраниците на Микел Артета.
Во својата анализа која ја направи за „Амазон прајм“, легендарниот голгетер на Манчестер Јунајтед реши да им се постмева на навивачите на Арсенал, па дури и ги обвини за лошото издание и за поразот кој го претрпеа „топчиите“ во првиот од двата меча против ПСЖ во најелитното натпреварување.
– Разочаран сум од тоа како одигра Арсенал, но разочаран сум и од нивните навивачи. Фановите на Арсенал беа извонредни против Реал Мадрид, навистина го однесоа тимот на едно друго ниво, но овојпат тоа не беше така, овојпат тоа изостана.
– Можеби помислија дека ова ќе биде „шетање во паркот“ откако претходно се елиминира Реал Мадрид. Фановите мора да бидат зад тимот на вакви големи натпревари, на вакви големи ноќи во Лигата на шампиони. Секако, играчите се тие кои треба да истапат, но истото важи и за навивачите. Овојпат не се појавија ниту играчите, ниту навивачите.
– На натпреварот против Реал Мадрид, навивачите на Арсенал се прикажаа во најдобро светло, атмосферата на „Емирејтс“ никогаш не била подобра, но таа енергија не беше пренесена на мечот со ПСЖ. Ја немаше истата енергија, а на големи натпревари како полуфинале, тоа може да биде пресудно за домашниот тим. Навивачите требаше да му дадат нешто повеќе на тимот кој го води Артета, – изјави Руни.