Мареј „запали“ во вистинско време и донесе предност за Денвер, Бостон обезбеди конференциско полуфинале

Дерби

30/04/2025

10:48

196

Големина на фонт

а а а

По неверојатната драма во Ел-Еј и победата со звукот на сирената, Денвер влезе со поголема енергија и со поголема самодоверба на петтиот меч против Лос Анџелес Клиперс, па така во пресудна фаза поведе со 3:2 во четвртфиналната серија на Западот.

Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл во НБА плејофот и запиша 13 поени, 10 скокови и 12 асистенции, но херој за Нагетси во победата од 131:115 беше Џамал Мареј кој беше играч на мечот поради учинокот кој го имаше во офанзивен поглед.

Шутерот на домашниот тим уфрли 43 поени и ја направи главната разлика на теренот, а притоа придодаде и со 5 скокови и 7 асистенции.

Клиперси не можеа да го следат неговото темпо и овојпат доста рано останаа без шанса за победа, па сега ќе бркаат израмнување на серијата на следниот меч кој го играат на домашен терен.

На останатите средби во НБА, Детроит победи во Њујорк со 103:106 и намали на 3:2, Бостон рутински го совлада Орландо со 120:89 и се пласираше во конференциско полуфинале, а истото важи и за Индијана која преку драма го победи Милвоки со 119:118 за конечни 4:1 во серијата.