МВП играчот на „Емирејтс“: Има луѓе кои се уште не веруваат во нас

Дерби

30/04/2025

10:46

189

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике ја промени парадигмата во ПСЖ и од тим исполнет со ѕвезди, создаде тим од играчи кои трчаат за секој метар од теренот, а со таков пристап, „светците“ дојдоа многу блиску до финале во Лигата на шампиони.

Францускиот првак вчера беше подобар ривал од Арсенал и сосема заслужено се враќа во Париз со предност од 0:1, а иако имаше повеќе фудбалери кои беа расположение, како играч на мечот беше издвоен Витиња.

Извонредниот португалски играч за врска повторно го диктираше темпото и направи ПСЖ да има контрола на средината на теренот, па со МВП признанието од УЕФА во своите раце, им испрати порака на сите оние кои и натаму се сомневаат во квалитетите на тимот кој го предводи Лучо.

– Ова беше нова извонредна вечер за нас во Европа. Во најголем дел од мечот ги контролиравме случувањата и имавме посед на топката. Имаше моменти кога се прилагодувавме на различни околности, но секогаш се трансформиравме и успевавме во тоа. Игравме добро и во одбрана и во напад. Напаѓавме како тим и се браневме како тим.

– Постојат луѓе кои и натаму не веруваат во нас, но ние не се грижиме за тоа. Знаеме за што играме и знаеме дека имаме фантастични навивачи кои нè поддржуваа и во Лондон. Ние сме ПСЖ и сите работиме за доброто на тимот. Го направивме првиот чекор, но тука не е крајот. Мора да одиграме добро и на „Паркот на принцовите“, мора да бидеме добри како колектив и да покажеме дека сме зрели за финале, – изјави Витиња.