[ВИДЕО/ФОТО] Судир на сателитите: Безос ја лансираше конкуренцијата на "Starlink" на Маск

Точка

29/04/2025

18:24

526

Големина на фонт

а а а

[ВИДЕО/ФОТО] Судир на сателитите: Безос ја лансираше конкуренцијата на "Starlink" на Маск.

"Amazon" во понеделникот ја лансираше својата прва серија интернет-сателити во вселената, означувајќи го почетокот на напорите за конкуренција со сателитската мрежа "Starlink" на Илон Маск.

Ракетата "Atlas V" од компанијата "United Launch Alliance" понесе 27 сателити во орбитата од "Cape Canaveral", Флорида. Сателитите се дел од проектот "Kuiper" на "Amazon", кој има за цел да распореди констелација од околу 3.200 сателити во текот на наредните неколку години, со цел обезбедување глобално покривање со интернет.

Лансирањето првично беше планирано за почетокот на месецот, но беше одложено поради лоши временски услови.

Основачот на "Amazon", Џеф Безос, иако ја основа својата вселенска компанија "Blue Origin", сепак обезбеди лансирања и преку други провајдери, вклучувајќи го и конкурентот "SpaceX". Вкупно, "Amazon" го очекуваат десетина лансирања за да ги исполни регулаторните обврски. Според оперативната лиценца, компанијата мора да распореди најмалку 1.600 сателити од проектот "Kuiper" до средината на 2026 година.


Сателитската мрежа "Starlink" на "SpaceX" веќе оперира со околу 7.000 сателити и доминира на пазарот на сателитски интернет.

Сепак, аналитичарите веруваат дека има простор за конкуренција, имајќи предвид дека авиокомпаниите, телекомуникациските оператори и крајните корисници бараат алтернативи — особено во изолирани и недоволно опслужени региони, каде поставувањето на традиционална инфраструктура е скапо или непрактично.