За 1 мај локален краткотраен дожд

Макфакс

29/04/2025

12:15

263

Големина на фонт

а а а

Времето за 1 мај, четврток, ќе биде претежно сончево со услови за краткотраен локален дожд и грмежи, информира УХРМ.

Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.