Портпаролот на украинскиот претседател, Сергеј Никифоров, изјави дека Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе одржат уште една средба.
Двајцата лидери веќе имаа краток, 15-минутен разговор во базиликата Свети Петар, непосредно пред почетокот на погребот на папата Франциск.
„Лидерите се согласија да ги продолжат разговорите денеска. Тимовите работат на организирање на продолжението на состанокот,“ изјави Никифоров.
Украинското претседателство објави фотографија од Зеленски и Трамп како седат и разговараат, и како разговараат со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер.
Претходно Белата куќа и украинското претседателство одвоено соопштија дека двајцата претседатели имале кратка средба пред почетокот на погребот на папата Франциско, без дополнителни детали.
Директорот на комуникациите на Белата куќа Стивен Ченг кажа дека двајцата „денес се сретнале приватно и имале многу продуктивен разговор“, како и дека други детали ќе бидат објавени подоцна, објавува Асошиејтед прес.