Кин излезе со свој тип за финалето во ЛШ и посебно издвои еден фудбалер: Изгледа навистина моќно на теренот

Дерби

24/04/2025

12:59

852

Големина на фонт

а а а

Рој Кин и Јан Рајт имаа свој разговор во „Оверлап“ шоуто на „Скај Спортс“ и го коментираа пласманот на Арсенал во полуфиналето во Лигата на шампиони, натпреварување кое повторно ќе биде посебно актуелно веќе следната седмица.

Арсенал до крајот на сезоната ќе го брка трофејот во најелитното натпреварување и ќе се обиде да го освои првиот голем трофеј под водство на Микел Артета, а со оглед прикажаната игра против Реал Мадрид, Рој Кин им дава за право да веруваат во такво нешто.

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед верува дека Арсенал ќе излезе како победник во пресметката со ПСЖ и верува дека „топчиите“ во големото финале ќе имаат ѕвезден дуел со Барселона.

– Арсенал против Барселона, тоа е финалето кое е запишано насекаде, – порачува Рој Кин, кој од овој тим на Арсенал, посебно е воодушевен од Деклан Рајс.

– Головите кои ги постигна на првиот меч против Реал беа неверојатни, тоа направи сите да зборуваат за него. Постигнатите голови во носат на друго ниво во јавноста, но реално гледано, во моментов тој изгледа помоќно од било кој играч за врска кој се наоѓа околу него. Тој е неверојатно силен и лесно претрчува противници, навистина изгледа посебно моќно, – порачува Кин.