Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за економски раст за 2025 година велејќи дека зголемувањето на царините и општата неизвесност ќе доведат до значително забавување.
Во својата најнова глобална прогноза, ММФ предвидува дека светската економија ќе порасне за 2,8 процента оваа година, што е намалување во однос на претходната проценка од 3,3 проценти.
Најголем пад меѓу развиените економии забележаа Соединетите Американски Држави – сега се очекува раст од 1,8 процент во споредба со претходната процена од 2,7 процента.
Прогнозата за раст за Обединетото Кралство е исто така намалена – од претходните 1,6 процент на 1,1 процент во 2025 година.