[ВИДЕО] Хит-играта од времето на пандемијата доаѓа во ново руво

Точка

21/04/2025

11:01

1.802

Големина на фонт

а а а

Популарната игра која многумина ја играа за време на пандемијата на коронавирус, "Among Us", добива ново "3D" издание.

"Among Us 3D" излегува на 6 мај. Првично беше замислена како ексклузива за "VR", но развојните тимови на "Innersloth" и "Schell Games" одлучија да ја направат достапна и за оние што немаат скапа "VR" опрема.

"Among Us 3D" ќе биде компатибилна со уредите "Meta Quest", "PSVR2," "Steam VR headset" и "PICO", а играчите на "Steam" ќе можат да се приклучат благодарение на поддршката за "cross-play".

„Ова е одлично“

Играта ќе ја задржи добро познатата акција од оригиналната "party-игра" од 2018 година, која стекна огромна популарност за време на пандемијата, но ќе понуди и нови модови и додатоци.

Ќе има голем број козметички елементи, како што се нови skin-ови и и гласовен чет со ограничено времетраење.

Фановите не го кријат воодушевувањето:

„Едвај чекам да играм во 3D“, „Ова е супер“, „Ми е мило што Among Us стана вака голем“, „Ми се допаѓа тоа што ќе има cross-play“, „VR без VR – ми се допаѓа тоа“.

Како ексклузива за "Among Us 3D", ќе се воведе и нов мод на играње наречен "Tag Mode", што точно го опишува и името: еден играч е „заразен“, а целта му е да ги фати и „зарази“ другите членови на екипата.

"Among Us 3D" излегува на 6 мај на "Steam", по цена од 9,49 евра. Повеќе информации можете да најдете овде.