Русија го обвини Киев за големо прекршување на Велигденскиот прекин на огнот со човечки жртви

Нетпрес

20/04/2025

13:25

989

Големина на фонт

а а а

Руското Министерство за одбрана во неделата соопшти дека Украина повеќе од илјада пати го прекршила примирјето што еднострано го прогласи рускиот претседател Владимир Путин за празникот Велигден, предизвикувајќи штета на инфраструктурата и предизвикувајќи цивилни жртви.

Украинските сили истрелале 444 пати врз цивилни цели и кон руските позиции и извршиле повеќе од 900 напади со дронови кои исфрлале бомби и 48 беспилотни летала, тврди Москва. Според истиот извор, нападнати биле пограничните области Брјанск, Курск и Белгород, како и врз црноморскиот полуостров Крим.

„Резултатот е смрт и повреди на цивили и оштетување на цивилни објекти“, објави Министерството на Telegram, но засега нема прецизирање на податоците.

Во извештајот не се наведуваат претходните извештаи за удари врз цели во југоисточните украински проруски региони Доњецк, Луганск и Херсон, за кои известија претходно утрото властите именувани од Москва.

Во извештајот на министерството се додава дека руската армија ја презела контролата врз градот Новомихаиливка, во источна Украина, пред прекинот на огнот.

Претходно, украинскиот претседател Володомир Зеленски тврдеше дека Русија наводно продолжува со нападите во многу случаи го прекршува најавениот прекин на огнот а што тој изрично не го прифати туку збоуваше за американскиот прдлог за 30-дневно примирје на целиот фронт, наведувајќи дека Украина ќе возврати на наводните такви напади.