Љубовниот живот на Хелена Бонам Картер е исполнет со скандали и интриги. Актерката отсекогаш била во центарот на вниманието поради нејзините турбулентни љубовни односи.
Во 2001 година започнала врска со познатиот режисер Тим Бартон, по нивната средба на снимањето на филмот Планетата на мајмуните. Подоцна се појави во неколку негови филмови, меѓу кои Corpse Bride, Charlie and the Chocolate Factory, Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street, Alice in Wonderland и Dark Shadows. Нивната врска ги претвори во еден од најомилените парови во Холивуд.
Парот има две деца, но се разделија по 13 години заеднички живот. Многумина тогаш шпекулираа дека Хелена била со Бартон само додека тој ѝ обезбедувал улоги во неговите филмови. Таа ги негираше тие тврдења, но факт е дека Бартон значително ѝ ја зголеми популарноста и ја внесе во врвот на холивудската елита.
Инаку, Тим Бартон моментално е во врска со една од најубавите жени во Холивуд – Моника Белучи.
Скандалозна врска
Пред врската со Бартон, љубовниот живот на Хелена веќе бил во фокусот на таблоидите. Нејзината афера со оженетиот Кенет Брана стана јавна откако неговата сопруга, актерката Ема Томпсон, преку ноќ дознала дека тој ја напушта.
Хелена и Кенет се запознале во 1988 година на поетско читање, а повторно се сретнале во 1993 година кога таа ја толкувала улогата на неговата сестра во филмот Howard’s End. Подоцна, Хелена изјави дека никогаш не разговарале пред снимањето на Франкенштајн. По разводот на Кенет, тие ја објавија својата врска, но јавноста не беше наклонета. Многумина ја нарекоа „главниот виновник за распадот на златниот пар“.
Кенет и Хелена беа заедно пет години, по што се разделија. Потоа таа започна врска со Бартон, а во 2019 година објави дека нивната љубовна приказна завршила. Наскоро потоа, во нејзиниот живот влезе младиот историчар на уметност Рај Даг Холмбо, со кого денес е во среќна врска.
Интересен факт е што Хелена и Тим за време на нивната врска живееле во две куќи кои биле поврзани, секој уредена според личниот вкус. Сепак, пред неколку години, Хелена направи преседан и изрази желба да живее со своето ново момче под ист покрив. Заедно посвоиле неколку домашни миленици.
„Се запознавме сосема случајно – тоа беше еден од оние моменти кога ништо не е испланирано, но сè се реши токму така. Беше неверојатно“, изјавила таа за The Guardian.
Хелена додава дека често се шегува со разликата во годините, но инсистира дека нивната љубов е „одраз на стара душа во младо тело – човек кој не старее“.