Суперкомпјутерот на „ОПТА“ го избра фаворитот за победник во Лигата на шампионите

Дерби

17/04/2025

13:48

2.086

Големина на фонт

а а а

Вчерашните последни реванши од четвртфиналните пресметки донесоа формирање на полуфиналните двојки во Лигата на шампионите, односно потврда дека Интер ќе се соочи со Барселона, додека Арсенал ќе му биде противник на ПСЖ.

Во очекување на неизвесните пресметки меѓу претендентите за финалето во Минхен и освојување на „трофејот со големи уши“, суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди шансите на сите екипи да стигнат до титулата.

Проценката на алгоритмот на експертите за фудбалска статистика се дека Арсенал има најголеми шанси, односно 28,7% проценти шанси да стане нов европски шампион и да ја освои првата европска титула во клупската историја.

Зад „топчиите“ е Интер со 25,5%, следува ПСЖ со 24 проценти и интересно најмалку шанси и се даваат на Барселона, која доби 21,8% од шансите да ја освои европската круна.