Каталонски „Спорт“: Перез добил позитивен сигнал од тренерот кој треба да го наследи Анчелоти

Дерби

17/04/2025

12:17

1.754

Големина на фонт

а а а

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид е неизвесна и медиумите шпекулираат дека елиминацијата во Лигата на шампионите веројатно ќе му донесе отказ по крајот на сезоната.

Италијанскиот стручњак се уште може да донесе нов трофеј во богатата колекција на „кралскиот клуб“, но Флорентино Перез веќе размислува за негов наследник и има конкретна идеја.

Каталонски „Спорт“ денеска објави дека Јирген Клоп преку својот агент испратил позитивен сигнал дека е расположен за преговори и дека ќе ги слушне условите на шпанскиот великан во обидот да се најде заеднички јазик за идна соработка.

Перез е убеден дека Клоп ќе ги доведе потребните квалитети во екипата, вклучувајќи го стилот на игра, агресивноста и дисциплината, а го планира и како германски одговор за Ханси Флик на Барселона.

Изворите на „Спорт“ се дека Клоп би го прекинал актуелниот ангажман во Ред Бул само поради Реал Мадрид, а претседателот на Реал е убеден дека токму екс менаџерот на Ливерпул е вистинско решение во моментите кога треба да се подигнува екипата по сезона која не ги исполнила целосните очекувања.