Манекенката Бела Хадид предизвика лавина загриженост кај своите следбеници. Фотографирана е во Париз на снимањето на серијата „FX The Beauty“, а нејзината вита линија стана предмет на дискусија на социјалните мрежи.
„Еве што се случува кога мајка ти ќе ти каже да изедеш неколку бадеми ако си гладен“, „Не можам да го пребродам новиот моден циклус на изгладнети тела и ниски фармерки“, „Можеш да ѝ ги видиш ребрата, изгледа болно“, „Не сакам да звучам злобно, но овие фотографии се загрижувачки“, „Таа е премногу слаба“, „Овие фотографии се вознемирувачки“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Многумина спомнаа и нарушувања, како анорексија, или дури и зависност.
„Изгледаше како да закрепнала, што се случи?“, „Не смееме да го нормализираме ова“, „Ми здодеаа овие шетачки реклами за нарушувања во исхраната“, „Нема ништо здраво кај неа“, „Ова е веќе клинички случај“, коментираат тие.
Самата ја коментирала својата фигура
Да потсетиме, Бела претходно ја коментирала својата фигура за „People“: „Слабеев и се дебелеев. Килограмите постојано ми се менуваат. Не ослабев намерно. Ги сакам градите, го сакам задникот назад. Но, не сум јас виновна“. Таа додала дека тренира по три часа секој ден и консумирала многу протеини.
Пред неколку години, научниците ја прогласија Бела Хадид за жена со најубаво лице на светот. Тие се воделе по теоријата на златниот пресек и ги анализирале и најмалите детали на лицето, како што се големината и положбата на усните, носот, брадата, јаготките и вилицата. Со пресметка заклучиле дека има совршени пропорции.
Води за враќање на модата „Y2K“
Видеото од Бела Хадид во нејзиниот слободен ден во Париз стана вирално на ТикТок, при што сите коментираа за нејзиниот моден избор. Манекенката носеше црна кожна јакна преку црна блуза со копчиња. Двете парчиња беа откопчани, откривајќи го ултра-краткиот горен дел. Во преден план беше нејзиниот стомак, нагласен со сиви фармерки со низок струк и крој на чизми.
Watch on TikTok
Хадид веќе некое време е една од предводниците на модниот камбек Y2K, а фармерките со низок струк станаа нејзин заштитен знак. Во февруари таа носеше сличен модел во полежерен стил, додека овој пат со метални нитни на џебовите отиде во правец на моторџиски имиџ.
„Стомачните мускули се сериозен моден додаток“
Изгледот го комплетираше со црни додатоци – правоаголни очила за сонце со сребрена рамка и предимензионирана црна чанта „Saint Laurent Sac De Jour“ со крокодилски принт. Сребрените детали одлично се совпаѓаа со металните украси на фармерките и дебелиот црн појас.