Романтичната комедија „Pretty Woman“ (Убава жена) од 1990 година стана една од најомилените филмски класици на сите времиња. Во режија на Гари Маршал, со незаборавните улоги на Џулија Робертс (57) и Ричард Гир (71), филмот ја освои публиката во целиот свет и ja лансира Робертс меѓу холивудските ѕвезди. Имала 22 години кога во филмот ја глумела проститутката Вивијан Вард, а Гир, кој го играл бизнисменот Едвард Луис, имал 40 години, и многумина беа изненадени од големата разлика во годините.
Во филмот, Вивијан, кого Едвард ja ангажира да го придружува на општествени настани, на крајот се заљубува во него. Робертс и Гир толку многу уживале во снимањето на филмот што заедно глумеа и во друга романтична комедија од 1999 година, Runaway Bride“ (Невестата бегалка). Оваа година се навршуваат 35 години од филмот „Pretty Woman“, а во оваа пригода пренесуваме неколку интересни факти, кои можеби не сте ги знаеле за оваа култна љубовна приказна.
Филмот изворно бил наречен „3.000 долари“
Филмот од 90-тите првично требаше да се вика „3.000 долари“ – износот за кој Вивијан требала да ја помине ноќта со Едвард. Зборувајќи за филмот на „Шоуто на Греам Нортон“ во 2023 година, Џулија рекла: „Филмот што требаше да се нарече ’3.000 долари‘ ќе беше многу помрачен. Вивијан е замислена како наркоманка, а филмот ќе завршеше така што тој ќе ја остави на споредна улица, ќе ѝ ги фрли парите и ќе си замине“.
Џулија не била првиот избор за улогата на Вивијан
За време на кастингот, Џулија не била првиот избор за улогата на Вивијан. Дру Баримор (50) и Винона Рајдер (53) биле на аудиција за улогата, но биле одбиени бидејќи во тоа време биле премногу млади. Џулија ја добила улогата затоа што била неколку години постара од Баримор и Рајдер.
Ниту Ричард не бил прв избор за улогата на Едвард
За улогата на Едвард се разгледувале Шон Конери, кој почина во 2020 година, Ал Пачино (84) и Берт Рејнолдс. Ал наводно ја одбил улогата на Едвард бидејќи сметал дека не е вистинскиот актер за филмот по пробата со Џулија. Пред неговата смрт во 2018 година Берт бил прашан зошто и тој ја одбил улогата во филмот, на што тој одговорил: „Затоа што сум идиот“.
Деми Мур ја одбила улогата на најдобрата пријателка на Вивијан
Актерката Деми Мур (62) наводно ја одбила улогата на најдобрата пријателка на Вивијан, Кит, пишува магазинот „Heat“. Деми и многу други ѕвезди, вклучувајќи ги Лора Дерн, Мариса Томеи, Анабел Скиора, Лорејн Брако и Мери Стинбурген, или биле на аудиција или биле земени предвид за улоги во филмот.
18 години разлика помеѓу Робертс и Гир
Џулија имала еден услов кога се согласила да глуми сексуална работничка во филмот – да не се соблекува во голите сцени. Кога го запознала режисерот Гари Маршал, имала 21 година. За време на нивниот состанок таа инсистирала: „Нема да бидам гола“.
Ричард свири на пијано
Иако е познат по своите актерски способности, Ричард е многу талентиран и за разни инструменти. Не само што свирел на клавир во хотелскиот бар-сцена, тоа било парче што самиот го компонирал. Освен на пијано, знае да свири и на гитара и на труба.
Сцената со полжав се наоѓа и во филмовите „Дневниците на принцезата“
Во култната сцена со вечера, каде што Вивијан фрла полжав во собата во луксузен ресторан и келнерот го фаќа – тој, всушност, бил фрлен од режисерот Гари. Келнерот во филмот во тој момент рекол: „Ова се случува постојано“. Гари, кој почина во 2016 година, ја поставил истата сцена во филмовите „Дневниците на принцезата“, кои тој ги режирал. Во двата филма келнерот ја повторува истата реченица.
Ричард импровизира сцена со кутија за накит
Во сцената во која се гледа како Едвард ѝ дава на Вивијан светкав ѓердан, тој си игра со кутијата за накит додека нејзината рака се движи кон кутијата. Но, таа сцена не била во сценариото, тоа била импровизација на Ричард. Смешната сцена, која многумина ја копираат, ја покажува искрената реакција на Џулија.
Ѓерданот чинел 250.000 долари
Тој конкретен блескав ѓердан чинел неверојатни 250.000 долари. Додека ја снимале сцената, чувар цело време внимавал на ѓерданот и стоел зад режисерот за да се погрижи вредниот ѓердан од непозната златарница да не исчезне.
Филмот не требало да биде романтична комедија
Филмот требало да биде мрачна приказна за класните разлики и сексуалната работа во Лос Анџелес. Откога оригиналната продукциска куќа се повлекла од снимањето, „Дизни“ го презел филмот и го направи поромантичен и хумористичен. Џулија се збунила кога разбрала дека „Дизни“ го зел: „Дали ќе го анимираат, како може таков филм да биде на ’Дизни‘?“