Авионска несреќа во Њујорк: Стравувања за повеќе жртви – уште една трагедија по смртта на директорот на „Сименс“ и неговото семејство

Точка

13/04/2025

11:00

3.599

Големина на фонт

а а а

Мал авион со шест патници се урна во американската сојузна држава Њујорк, потврди Федералната управа за авијација на САД. Несреќата се случила во саботата околу 12:15 часот по локално време, кога авионот тип „Мицубиши МУ-2Б“ паднал во нива во близина на градот Чопеј, во областа Колумбија, Хадсон.

Авионот бил на пат кон регионалниот аеродром Колумбија, а причините за падот сè уште не се познати, пренесува Ројтерс.


Потврдена најмалку една жртва

Според првичните информации, најмалку едно лице го загубило животот, но се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем. Спасувачките екипи имаат потешкотии во пристапот до местото на несреќата поради лошите временски услови, кал и снег.

На прес-конференција, подшерифот на округот Колумбија, Жаклин Салваторе, изјави:

– Несреќата се случила среде поле, земјата е каллива и снегот го отежнува пристапот до остатоците од авионот.


Серија трагедии

Оваа несреќа доаѓа само неколку дена по трагичната смрт на извршниот директор на „Сименс“ и неговото семејство, кои исто така загинаа во авионска несреќа. Во изминатата недела, САД беа погодени од неколку фатални авионски инциденти, што повторно ги отвори прашањата за безбедноста на малите приватни летала.

Истрагата е во тек

Федералната управа за авијација и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) започнаа истрага за утврдување на причините за несреќата. Очекувањата се дека повеќе информации ќе бидат достапни во наредните денови.