[ВИДЕО] Палевски: Не се чувствувам ниту како монструм, ниту како убиец, ниту ги извршив грабнувањата, едноставно немам мотив за тоа

Макфакс

14/04/2025

12:47

4.744

Големина на фонт

а а а

Во Основниот кривичен суд во Скопје почна сведочењето на Љупчо Палевски, првообинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Палевски во своето сведочење рече дека не се чувствува ниту како монструм, ниту како убиец и негираше дека ги извршил грабнувањата и убиствата.

– Не сум ги извршил убиствата, ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на Основното јавно обвинителство, се наоѓа хард диск Тошиба кој го одземаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но, ете, тоа не сум го направил. Така што не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство, рече Палевски.

За медиумите рече дека се корумпирани и дека биле хранети со лаги кои требало да ги проверат.

– Една ипол година врескаат дека докази има, јас додека бев во Турција, за тој период имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ме извести, ми даде принтана копија од вестите каде што бев опишуван, како што бев опишан. На прес-конференцијата одржана на 5 декември кога е поднесена кривичната пријава, гледам дека постоело само едно вештачење во моментите на одржување на тој прес, ЈО до подигнување на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на убиениот Панче Жежовски и тоа две вештачења за папиларни линии и днк. Сите останати вештачења се правени после 5 декември, рече Палевски.

За обвинетиот Кешишев вели дека е политички неук но стабилен човек, патриот, а за Велибор Манев рече дека го знае од партијата и бил амбициозен и алчен за пари. Боре Видевски беше зачленет од страна на Велибор Манев во Десна, скромен и дисциплиниран, вели Палевски, а за Александар Ѓорчевски кажа дека првпат името и презимето му ги прочитал во кривичната пријава во ќелијата.

Тврди дека го местат оти почнал да објавува дека во македонски банки се перат пари од продажба на ирански дронови. Рече дека Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари зашто Спасовски дозволил нерезидентен државјанин да отвори сметка во НАТО банки во Македонија. Износите депонирани во македонските банки, рече Палевски, се доволна причина да ми се изврши морален атентат и да биде компромитиран.

Тврди и дека сведокот Гоце Трајковски, до полицијата праќал скриншотови од инфлуенсерки и новинарки, дека Вања е вонбрачна ќерка на Палевски. Обвинетиот смета дека ваквиот однос на медиумите е поради политиките на партија Десна, која единствена покренала иницијатива за референдум за идентитетските прашања на Македонија.


„После година ипол од настанот нема наслов во медиумите каде монструмот го посочува оружјето со кое постои веројатност да е сторено кривичното дело. Таков наслов во нашите релевантни медиуми не постои. Самата политика што ја почнавме, со Десна, е причина за ваквиот однос на медиумите бидејќи сме единствена партија што покренала иницијатива за референдум во однос на бугарската агресивна политика кон Македонија. Примерот со организација на референдум за така важно прашање мора да биде искомпромитиран зашто се поставува прашањето зошто власта тоа не го прави“, рече Палевски.

Пред Палевски, сведочеа сите останати осомничени.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.


Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Таткото на Вања испратил смс-порака до киднаперите: Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме

„Цитроенот“ возел полека, како изгубен и без крајна дестинација за разлика од другите возила кои во критичниот период на 27 ноември 2023 година поминувале пред зградата на Вања, на улицата Наум Наумовски Борче, рече Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, кој денеска одговараше на прашања на судијата Ивица Стефановски.

Ѓорчевски и Гоце Трајковски започнале со прибирање снимки од безбедносни камери на 29 ноември, кажа денеска Ѓорчевски на рочиштето за убиствата на неговата ќерка и Панче Жежовски одговарајќи на прашање на судијата Ивица Стефановски за улогата на неговиот кумашин во потрагата по Вања.


– Обезбедив камери од кафулето „Синдикат“ кои се свртени кон зградата. Газдата веднаш ми ги прати снимките. Зорица обезбеди камери и од бензиската „Окта“ на „Партизанска“. Добивме и од штедилницата „Папилон“ спроти Буњаковец, објасни Александар.

Судијата го допраша и како сфатиле дека Вања не отишла пешки до „Фитнес хаус“.

– Јасно е дека не можела толку брзо да стигне од „Мечос“ до таму според сигналот што го емитува нејзиниот телефон преку „гугл мапс“, одговори Ѓорчевски.


Изјави дека попладнето по исчезнувањето на неговата ќерка и испратил две СМС пораки.

– Првата порака гласеше: „Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“. Подоцна ми текна да додадам уште една порака, која гласеше: „Од родителите“. Со надеж дека ќе го вклучат мобилниот телефон на Вања и пораките веднаш ќе им се појават – рече Ѓорчевски.