[ВИДЕО] „Слободата владее со чаршијата“ – голем протест на српските студенти во Нови Пазар

Макфакс

12/04/2025

20:43

751

Големина на фонт

а а а

По Нови Сад, Крагуевац, Ниш и Белград, српските студенти денеска организираат голем протест во Нови Пазар.

Собирот е под мотото „Слободата владее со чаршијата“.

Протестот трае од 11 до 23 часот.

Студентите на Државниот универзитет во Нови Пазар, кои го организираат денешниот собир, ги прочитаа барањата и одржаа 17-минутна тишина поради 16 жртви на надстрешницата во Нов Сад и загинатиот млад човек од Нови Пазар, кој загина пред неколку години кога го удри автомобил, но сите детали за таа несреќа сè уште не се разјаснети.

На повик на студентите од Нови пазар, во знак на поддршка се собраа и граѓани во Ниш.