Компанијата "Meta" денеска соопшти дека корисниците на "Instagram" помлади од 16 години повеќе нема да можат да "стримаат" во живо или да гледаат замаглени (blurred) разголени фотографии испратени преку пораки без дозвола од родителите.
Правото прашање е – за што воопшто им требаат разголени фотографии на деца под 16 години? Сепак, ваквата мерка најверојатно е насочена кон заштита на младите од вознемирување и несакани пораки.
Новите мерки најпрво ќе стапат во сила во САД, Велика Британија, Канада и Австралија, а во наредните месеци ќе бидат применети глобално, пренесе агенцијата "AP".
На корисниците под 16 години исто така ќе им биде блокирана можноста за користење на "Instagram Live", освен ако родителите не дадат одобрување. Компанијата "Meta" паралелно објави дека слични мерки на заштита се воведуваат и на "Facebook" и "Messenger" за корисниците под 18 години.
Овие мерки вклучуваат:
• блокирање на приватни пораки од непознати лица,
• строго ограничување на чувствителни содржини, како видеа со сцени на насилство,
• и прекин на нотификации во текот на ноќните часови.
„Facebook и Messenger профилите на тинејџерите ќе имаат автоматска заштита од несоодветна содржина и контакти, како и опции кои овозможуваат младите корисници подобро да го користат своето време“, соопштија од "Meta".
Компанијата го започна програмот за создавање на тинејџерски профили на "Instagram" во септември минатата година, со цел да им понуди на родителите повеќе опции за контрола на онлајн активностите на нивните деца. Според "Meta", од тогаш се отворени најмалку 54 милиони профили на тинејџери.