Франк Рибери го најавил двомечот во Лигата на шампионите меѓу Интер и Баерн Минхен, истакнувајќи ги квалитетите на двете екипи, посебно делејќи комплименти за игрите на италијанскиот тим под водство на Симоне Инѕаги.
Французинот смета дека неговиот поранешен тим сепак е достоен ривал, па и покрај многуте повредени играчи има квалитет да се бори за полуфинале во елитното натпреварување.
– Ова ќе биде балансиран, возбудлив и драматичен двомеч.
– Очекувам два интересни натпревари меѓу две големи екипи, иако германската за жал има многу отсуства. На вакви натпревари мораш да бидеш максимално физички и ментално подготвен, Баерн е Баерн, но и Интер е на исто ниво и може да се надева на трофејот.
– Симоне изграда убава машина, неговиот тим има јасен идентитет, ми се допаѓа начинот на неговата работа, – вели Рибери.