Џејми Карагер во последното гостување во студиото на „Скај Спортс“ зборувал за финишот на сезоната во Премиер лигата и ги предвидел петте екипи кои ќе изборат место во следното издание на Лигата на шампионите.
Според коефициентот на англиската лига, следната сезона Премиер лигата веројатно ќе биде застапена со пет, наместо со четири екипи, што е можност за уште еден тим да си избори пласман во најелитното европско натпреварување.
Карагер логично смета дека Ливерпул и Арсенал се сигурни патници во ЛШ, а останатите три позиции ќе им припаднат на Манчестер Сити, Њукасл и Нотингем Форест.
– Гледајќи ги паровите од завршницата, мислам дека Нотингем Форест може да успее да стигне до првите пет екипи на табелата.
– Њукасл и Сити исто така ќе успеат, додека Челси ќе извиси затоа што има најтежок распоред, – вели Карагер кој не е оптимист дека Астон Вила втора сезона по ред ќе се најде во Лигата на шампионите.