Суперкомпјутер прогнозираше кој е прв фаворит за пехарот во ЛШ

Дерби

08/04/2025

12:55

1.581

Големина на фонт

а а а

Од вечерва започнува четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите и тоа со дуелите во Лондон (Арсенал-Реал Мадрид) и Минхен (Баерн-Интер) за да пак во среда ги имаме пресметките Пари Сен Жермен-Астон Вила и Барселона-Борусија Дортмунд.

Во пресрет на овие нови возбудувања од елитното натпреварување, суперкомпјутерот на Опта пресмета или даде прогноза за шансите на сите екипи за место во полуфиналето, финалето, но и тоа какви се процентите за да ја освојат титулата.

Највисоки се за Барселона или поточно да ја мине Борусија се 78,2, да дојде до финалето се 44,4, а да биде европски првак 23,1 проценти.

Потоа следи Пари Сен Жермен, па Арсенал на кого интересно му се даваат поголеми шанси да го добие Реал во ова четвртфинале (50,2 наспроти 49,8).