Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски

Макфакс

06/04/2025

13:31

4.007

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави дека се спрема кривичната пријава за попречување на правдата која му ја најави на премиерот на последната седница за пратенички прашања.

Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против...

Posted by Димитар Апасиев on Sunday, April 6, 2025

„Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против правосудството – попречување на правдата, казниво по чл. 369-а, ст. 5 од Кривичниот законик. Постојат разумни основи за сомневање дека постапката за разрешување на Јавниот обвинител на РМ е стопирана со цел да се насочи истрагата и, преку владино прикривање и влијание, да се спасат од прогон корумпираните кадри на ДПМНЕ кои биле на функција кога се случил кривично-правниот настан поврзан со пожарот во дискотеката во Кочани.