[ВИДЕО] Снег на Стража - Во прекин сообраќајот на патот Охрид-Ресен, воведена забрана за тешки товарни возила на правецот Струга – г.п. Ќафасан

Макфакс

06/04/2025

20:15

1.789

Големина на фонт

а а а

На Стража вечерва врне снег, a во прекин е сообраќајот на магистрален Пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, информираат од ЈП „Македонија пат“. Забраната се воведува од 19:30 часот.

Од 19:45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема – (ланци).

Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег  воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Снег на Стража 👇👇👇


https://shorturl.at/fZk7L

Posted by Makfax on Sunday, April 6, 2025

Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17.00 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“.