Односите со „Вреди“ се коалициски, одлични, рече Мицкоски кој не планира владина реконструкција

Макфакс

07/04/2025

14:23

242

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски не планира реконструкција на Владата пред локалните избори.

Прашан од новинарите за оваа можност, а за која деновиве се зборува поради несогласувањата во коалицијата „Вреди“, Мицкоски кусо одговори „Не“.

Дополнително за тоа какви се односите со „Вреди“, Мицкоски одговори: „Коалициски, одлични“.

Претходно денес и вицепремиерот, Изет Меџити, беше прашан дали се планира реконструкција на Владата пред локалните избори. Тој рече: „Ќе видиме тоа, ќе процениме кои се аргументите“.

Темата за можна реконструкција се отвори откако стана извесно постојат несогласувања помеѓу лидерите на политичките партии во „Вреди“ околу настапот на претстојните локални избори. Тројца од четворицата лидери, меѓу кои и Меџити, се согласни дека треба да настапат заедно на локалните избори, но Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, кој е актуелен министер за здравство, размислува поинаку. Дополнителено лидерите не се согласуваат ниту за комуникацијата со ДУИ, што за Таравари не е спорна. Меџити денес изјави дека Таравари треба да расчисти со дилемите, бидејќи неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ.