[ВИДЕО] Киев под руски напад

Макфакс

06/04/2025

09:27

1.283

Големина на фонт

а а а

Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев рано утринава по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и воената администрација на главниот град на Украина.

Цела Украина беше во воздушна готовност од 02:00 часот, откако воздухопловните сили на земјата предупредија за напад, вклучително и во регионите што граничат со Полска, принудувајќи ја членката на НАТО да приземји авиони за да се обезбеди безбедност на небото.

Пожари се регистрирани во најмалку три области на Киев, изјави Виталиј Кличко во објава на Телеграм.

Лекарите хоспитализираа двајца цивили во областа Дарнитски на источниот брег на реката Днепар, која го дели градот, додаде тој.

„Не ги напуштајте засолништата! – изјави Кличко.

Очевидци на Ројтерс слушнале неколку силни експлозии за кои рекоа дека звучеле како операција за воздушна одбрана.

Размерите на нападот не беа веднаш јасни. Исто така, нема извештаи за удари или штети во западните украински региони кои граничат со Полска.

„Пожари избувнаа во областите Дарница, Соломјанка и Оболон. Во Дарница има повредени. Медицинските и итните служби се на терен“, додаде Кличко. Посебно тешка ситуација е забележана во Оболон, каде по ударот избувнал пожар во деловниот центар, а зградата делумно се урнала. Спасувачките екипи се уште се на местото на настанот.

Засега нема коментар од Русија. Двете страни негираат дека целат цивили.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја презеде функцијата во јануари, откако вети дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа, се обиде да посредува за крај на конфликтот. САД кон крајот на минатиот месец соопштија дека постигнале два договори за прекин на огнот со Русија и Украина, вклучително и оној кој ќе ги спречи меѓусебните напади врз енергетската инфраструктура.