[ВИДЕО] Загина поранешната „Мис Балкан“, пијана пеш бегала од полицијата и паднала од надвозник

Макфакс

06/04/2025

12:27

7.786

Големина на фонт

а а а

Поранешната Мис на Балканот, 27-годишната Ѓулер Ердоган го загуби животот откако паднала од надвозник на патот бегајќи од полициски контролен пункт, каде беше констатирано дека е во алкохолизирана состојба, пишува турски Хуриет.

Според „Хуриет“, несреќата се случила ноќта на 1 април. При проверката било констатирано дека била под дејство на алкохол, по што излегла од автомобилот и почнала да бега.

Обидувајќи се да побегне, таа се качила на надвозникот, но паднала на патот и се здобила со тешки повреди. Потоа ја прегазил друг автомобил.

Медицински екипи пристигнале на местото на настанот по пријава од случаен минувач. Од прегледот било утврдено дека таа починала. Според Хуриет, познато е дека Ердоган имала психички проблеми. За овој случај е отворена истрага.