Сиљановска-Давкова на средба со Радев: во фокусот трагедијата во Кочани и евроинтегративниот пат

Макфакс

04/04/2025

19:55

777

Големина на фонт

а а а

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова која е во Бугарија за да учествува во „Процесот Акаба“, пред медиумите соопшти дека ги посетила повредените пациенти кои настрадаа во трагедијата во Кочани и сега се на лекување во болницата „Пирогов“.

Рече дека се чувствуваат многу подобро. Таа оствари средба и со бугарскиот претседател Румен Радев.

Фокусот бил на трагедијата во Кочани, но се разговарало и за одблокирање на нашиот евроинтегративен пат, при што двајцата заклучиле дека се неопходни позачестени средби. Претседателката нагласила дека се можни компромиси и очекува исчекор на тој план.

Оддавајќи му признание на Радев таа кажа дека тој бил првиот претседател којшто утрото по трагедијата во Кочани и се јавил и и понудил секаков вид на помош.

„Прв ми се јави претседателот Радев. Благодарам. За жал или за добро, понекогаш трагедијата го вади доброто во сите нас, не политичкото, туку човечкото. Ова нема да може да го заборави ниту еден политичар од двете страни“, ја пренесуваат изјавата на Силјановска-Давкова бугарските медиуми.