Основното јавно обвинителство Кочани ја запира постапката против Александар Карадакоски, кој денеска почина по повредите добиени во пожарот во „Пулс“ во Кочани, а во која тој бил управител.
„Со оглед на тоа што денешната 60-та жртва од катастрофалниот пожар во Кочани е лице што претходно беше опфатено со наредбата за спроведување истражна постапка, во својство на управител на правно лице, Основното јавно обвинителство Кочани, по прибавување на официјалната документација за настапената смртна околност, ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него“, соопштија од Јавното обвинителство.
Министерот за здравство Арбен Таравари утрово потврди дека Карадакоски им подлегнал на повередите во болницата во Литванија, каде што беше на лекување.