Островот на змии или „Ilha da Queimada Grande“, кој се наоѓа на околу 50 километри од брегот на Бразил, е толку опасен што на луѓето им е забрането да го посетуваат. Ја носи титулата „најсмртоносниот остров во светот“.
Зафаќа површина од само 0,43 квадратни километри. Таму живее по една змија на квадратен метар и тие се меѓу најопасните животни во светот.
Имено, се работи за вид на вајпер, односно златна змија, која е крајно загрозена. Нивниот главен извор на храна се птиците, а тие можат да убијат човек во рок од еден час, пренесува „Метро“.
Watch on TikTok
Поскоците останале на овој остров пред 11.000 години, кога нивото на морето почнало да расте и се одвоило од Бразил во последното ледено доба. Отровот на овие змии се смета за пет пати посилен од отровот на копнените змии.
Бразилската влада ја прогласи оваа област за строго забрането место за туристи. Сепак, на некои луѓе им е дозволено да дојдат овде – избрани научници, членови на бразилската морнарица и одредени новинари.
Новинарката Тара Браун, која работи за ТВ каналот „Најн њуз“ (Nine News), го посети Змискиот остров во 2019 година. Таа изјави дека бразилските рибари ѝ рекле дека ова патување воопшто не е добра идеја.
„Постојат легенди за цело семејство кое е убиено таму, и за пиратите кои таму закопуваат богатство и змии кои го чуваат. Рибарите рекоа дека никогаш не отишле таму, бидејќи во спротивно ќе умрат“, рече таа.
Се проценува дека на овој остров живеат меѓу 2.000 и 4.000 златни змии.