[ФОТО/ВИДЕО] Во оваа балканска земја поставен првиот ќебапомат: Свежи ќебапи достапни 24 часа на ден

Точка

10/09/2026

16:35

683

Големина на фонт

а а а

Иако автоматите за храна не се целосна новина, можноста за купување свежо месо за скара во кое било време од денот или ноќта привлече големо внимание.

Освен ќебапи, купувачите  во Карловац можат да најдат и други месни производи. Целта на проектот е да се поедностави купувањето и да се избегне чекањето во редици, што, според коментарите на корисниците, е честа појава во оваа популарна месарница.

Поделени реакции на социјалните мрежи

„Највкусното месо во градот“, еден корисник го пофали квалитетот на месарницата, додека други дискутираа за практичноста на самиот автомат. Еден од скептичните коментари гласи: „Каква смисла има ако се свежи ќебапи? Па нема пијан во три часот наутро да барам половина килограм непечени ќебапи. На кого му требаат свежи ќебапи 24 часа на ден?“.

Од друга страна, многумина гледаат голема предност во овој концепт. „На оние кои ќе се сетат во сабота попладне или во недела дека сакаат да печат ќебапи. Навистина имаат многу вкусни ќебапи, а обично има толкав метеж што луѓето чекаат во редица и надвор“, објасни еден корисник. Друг се согласи и накратко додаде: „Ако ти требаат само ќебапи, ова е одлично“.

Некои корисници беа особено воодушевени. Еден коментатор оцени дека ова е „еден од најголемите изуми во историјата на човештвото“.

Дискусијата поттикна и духовити коментари, па еден жител на Загреб се запраша: „Дали сè уште има ноќни возови од Загреб до Карловац?“.