Мартинез почна да се забавува и да прави шоу, селекторот Скалони веднаш реагираше

Дерби

26/03/2025

13:21

2.024

Големина на фонт

а а а

Аргентина го надигра Бразил со 4-1 и на идеален начин со победа над лутиот ривал го прослави пласманот на Светското првенство кое наредната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.

Аргентинците играа, Аргентинците доминираа и ја користеа секоја слабост на „кариоките“ кои самоуверено најавуваа позитивен резултат на „Монументал“, меѓутоа одиграа далеку под нивото и под она што мора да се одигра во ваков дуел, против противник кој да не заборавиме е актуелен светски шампион.

„Гаучосите“ знаат да претераат, па и да провоцираат кога не е потребно, па така голманот Емилијано Мартинез почна да се занесува, забавува на 4-1 во самата завршница, а тоа воопшто не му се допадна на селекторот Лионел Скалони кој веднаш реагираше и му порача тоа да не го прави.