Некогашниот играч на Арсенал, Челси и Тотенхем, Вилијам Галас се почесто е актуелен во медиумите со своите коментари, анализа на актуелни фудбалски теми и прашања.
Французинот многу добро ги постава состојбите во англискиот фудбал каде мина повеќе од една деценија, внимателно ги следи сите процеси, па Галас имаше што да каже за играчот кој се најавува како потенцијало засилување за Манчестер Јунајтед и Челси, 27-годишниот напаѓач Жан-Филип Матета.
- Зборуваме за Жан-Филип Матета, кој има 27 години и игра за Кристал Палас, а со него се поврзуваат Јунајтед и Челси. Добро му оди со Кристал Палас, но дали е тој вистинскиот играч во кој се инвестираат пари за иднината? Не сум толку сигурен.
- Не велам дека треба да купувате навистина млади играчи, ама на 23 играчите можат да одат на друг чекор, можат да достигнат друго ниво на напредок. Дали ако ги вложат тие пари, го чуваат две-три години и го продаваат на 32 години? Не, - истакна Галас
Палас за Матета ќе бара најмалку 50 милиони евра. Тој сезонава има 15 гола и 3 асистенции на 33 натпревари.