Атмосферата била далеку од идеална: Само двајца играчи на Јувентус му се заблагодарија на Мота

Дерби

25/03/2025

14:15

1.799

Големина на фонт

а а а

Италијанските медиуми веќе некое време пренесуваат дека атмосферата во соблекувалната на Јувентус е далеку од идеална кога е во прашање тренерот Тиаго Мота, а тоа може слободно да се заклучи и од активностите на играчите на социјалните мрежи.

Иако објавата за отказот на младиот стручњак беше објавена пред два дена, до овој момент со својот досегашен тренер се поздравија само двајца првотимци на Јуве, што само ги потврдува шпекулациите дека играчите не биле задоволни од односот на Мота.

Тиаго пристигна во Јувентус како тренер кој треба комплетно да ја промени идејата и филозофијата на игра, но после неполни девет месеци, водечките луѓе на клубот му ја покажаа излезната врата поради нарушената атмосфера, но и слабите и потпросечни резултати.

Од тоа што може да се види на социјалните мрежи, Ембангула и Бремер се единствените играчи кои му посветија објава на својот тренер, кој инаку немаше ни можност да се поздрави со играчите кои досега ги тренираше.

Јувентус реши да му врачи отказ на Мота додека тој беше на семејно патување во Португалија, па на крајот информацијата му била проследена преку телефон.