Рафиња ја подгреа и онака вжештената атмосфера во Аргентина и Бразил во пресрет на Суперкласико дербито кое се игра утре наутро, од едноставна причина што ѕвездата на Барселона излезе со изјава која експресно стана топ тема во јавноста.
Бразилскиот репрезентативец излезе со навредливи зборови за Аргентина и им порач на „гаучосите“ дека можат да се „е..т“, но притоа најави дека е подготвен да дели удари и на теренот и надвор од него, со со цел да се стигне до победа во Буенос Аирес.
Утрешниот натпревар на „Монументал“ се очекува да биде уште пожесток поради изјавата која ја даде Рафиња, кој во разговорот со легендарниот Ромарио најави дека сигурно ќе постигне и гол во победата која ќе ја забележи Бразил.
Овие негови изјави не останаа непроследени од јавноста и Лионел Скалони како аргентински селектор се обиде да ја спушти топката, но има и такви како Ди Марија кои му фаќаат сеир на капитенот на Барселона.
Иако не испорача никаков коментар, Ди Марија објави слика во која Рафиња добива лакт од Отаменди на пресметка меѓу Аргентина и Бразил, јасно алудирајќи дека тој ќе биде оној кој ќе добива удари од аргентинските дефанзивци.
🚨 Ángel Di María responds to Raphinha’s statement 📲🇧🇷 pic.twitter.com/goiNgLw1Nw
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) March 24, 2025