Амад со едноставна објава предизвика голема радост меѓу навивачите на Јунајтед

Дерби

25/03/2025

13:10

1.439

Големина на фонт

а а а

Амад Диало потешко го повреди скочнит зглоб на средината на февруари и во прв момент беше пренесено дека ќе биде во аут до крајот на сезоната, но како што одминува времето, така луѓето во клубот и самиот играч се се поголеми оптимисти дека може да му помогне на тимот во завршницата од кампањата.

Крилниот напаѓач беше убедливо најдобар играч на Манчестер Јунајтед во периодот по доаѓањето на Рубен Аморим, а напорната работа која ја вложил во изминатиот месец и половина, очигледно вродила со плод.

Диало преку Снепчет испорача оптимистичка порака до навивачите на Манчестер Јунајтед, додавајќи емотикон со кој најави дека набрзо се враќа на фудбалските терени.

Ако се оди според забрзаниот план кој сега е активиран, Амад би можел да направи кам-бек многу порачно од очекуваното, па со тоа ќе се оствари и изјавата која ја даде Рубен Аморим пред дербито со Арсенал.

– Можеби Амад ќе биде тука да ни помогне во последниот месец од сезоната. Можно е да се врати порано. Не би кажал ништо сигурно, но имам надеж дела Амад ќе се врати пред крајот на сезоната, – изјави Аморим пред две недели.