Луис Назарио де Лима Роналдо остана разочаран од водечките луѓе на федерациите во Бразил и ја повлече кандидатурата за претседател на фудбалската Конфедерација, став со кој јасно стави до знаење дека најважното фудбалско тело во неговота родна земја се уште е во рацете на луѓе кои се корумпирани и немаат вистинска идеја за враќање на идентитетот на „кариоките“.
Популарниот „Ил Феномено“ откри дека наишол на затворени врати во најголем дел од обидите да воспостави контакт со членовите на актуелната Конфедерација, па сега како екс кандидат за претседател на сојузот, реши да открие дека всушност тој бил и човекот кој се обидувал да го привлече Карло Анчелоти во Бразил
Италијанскиот стручњак сериозно се поврзуваше со бразилската репрезентација во самата завршница од минатата сезона, но на крајот Дон Карло го продолжи договорот со Реал и се изјалови цела најавена операција.
– Ангажманот на Анчелоти не беше фантазија од страна на Бразилците, навистина се случуваше нешто. Карло не пристигна бидејќи на крајот не беше ослободен од Реал Мадрид.
– Јас помогнав во процесот, разговарав со Анчелоти и имаше преговори, но откако се одеше добро, операцијата се замрзна бидејќи не беше ослободен од Реал. Ако не освоеше ништо ќе дојдеше кај нас, но тој ја освои Лигата на шампионите и си осигура барем уште една година, – вели Роналдо Назарио во гостувањето на „Чарла“ поткастот.