Џејмс објасни зошто не го славеше ремек-делото на „Вембли“

Дерби

25/03/2025

11:43

1.346

Големина на фонт

а а а

Рис Џејмс за првпат беше стартер во дресот на Англија по пауза од три години, а за да се случи такво нешто, десниот бек мораше да го дочека својот поранешен менаџер од Челси, Томас Тухел.

Германскиот тренер му се довери на некогашниот капитен и му овозможи да биде дел од почетните 11, но не само што доби одлично издание, дефанзивецот му возврати и со ремек-дело кое на големо се врти во Британија.

Џејмс постигна сензационален гол од слободен удар и потсети на најдобрите прекини на Дејвид Бекам, мајсторија која привлече внимание и поради неговата мирна реакција.

Голем дел од аналитичарите на Островот останаа зачудени од фактот што Џејмс воопшто не го прослави голот, особено во ситуација што истиот беше прв за него како англиски репрезентативец.

– Долго време чекав вакво нешто, оставив две ипол фрустрирачки години зад себе. Навистина сум многу среќен со самото тоа што добив повик, а уште повеќе што постигнав гол.

– Мојата „прослава“? Кога се наместив, го видов живиот ѕид и си помислив дека можам да ги заобиколам играчите. Да бидам искрен, бев изненаден што топката заврши во голот, па оттаму и таквата реакција. Си мислев дека голманот може лесно да стигне, но кога ја видов снимката, се уверив дека имал навистина тешка задача, – изјави Џејмс.

Ремек-делото погледнете го ТУКА.