Доколку некогаш сте помислиле дека Дензел Вашингтон е само холивудска ѕвезда, можеби сте биле во заблуда. Иако сите го знаат по врвните филмски улоги, Дензел моментално им се враќа на своите корени – театарот.
Имено, тој моментално ја игра главната улога во сосема новата Бродвејска продукција на Отело, каде глуми заедно со Џејк Гиленхал. Претставата се игра во познатиот театар Баримор, а својата премиера ја остварила минатата недела.
Билетите чинат до 840 евра
Ова е прва изведба на шекспировата класична трагедија Отело на Бродвеј по повеќе од 40 години, што ја прави вистински театарски настан на годината. За работите да бидат поимпресивни, продукцијата веќе испиша историја – станала најпрофитабилната претстава во историјата на Бродвеј, со заработка од дури 2,8 милиони долари само во втората недела од претпремиерата на почетокот од овој месец.
Влезниците за Отело достигнуваат цени и до 840 евра, а огромната побарувачка за билети дополнително го зголемува интересот на публиката. Многу луѓе сакаат во живо да ги видат актерите од А-листата како Дензел и Џејк.
Зошто Дензел не сака да го нарекуваат „холивудски актер“?
Вашингтон неодамна зборувал за својата актерска кариера во интервју за „CBS“ и објаснил зошто етикетата „холивудски актер“ не му се допаѓа.
За време на разговорот, новинарот на „CBS“, Бил Витакер, спомнал дека Бродвеј моментално привлекува многу „холивудски актери и продуценти“. Дензел веднаш го прекинал и му го разјаснил неговото мислење: „Што воопшто значи „Холивудски актер“? Јас сум од Mt. Vernon, значи актер од Mt. Vernon. Не знам што значи „Холивуд“, знам само дека тоа е некое место“.
Кога Витакер објаснил дека мислел на актери кои постигнале голем успех во филмот, Дензел не се откажал: „Јас сум театарски актер кој снима филмови. Не обратно. Прво бев на сцената. Таму научив да глумам, а не пред камерата. Филмот е медиум на режисерот – тие снимаат, потоа монтираат, додаваат музика на сцената и го обликуваат филмот. Театарот е медиум на актерот. Кога се крева завесата, ти си на сцената. Никој повеќе не може да ти помогне“.
„Целата кариера работев за овој момент“
Во истиот разговор, и Џејк Гиленхал и Дензел Вашингтон се согласија дека токму сега, со оваа продукција на Отело, стигнале до точката за која работеле цел живот. „Стигнувате до точка каде што сфаќате: „Целата кариера работев за ова“, рече Џејк.
Дензел додаде: „И јас се чувствувам исто. Ова е највозбудливото нешто што сум го направил во овој век. Ова беше 48-годишно патување за мене“.