[ВИДЕО] „Добри ѝ се неговите пари, но е стар па го понижува“: Најомразената сопруга овие зборови ги упатила кон 26 години постариот сопруг – Луѓето се згрозени и вџашени

Точка

24/03/2025

23:19

6.086

Големина на фонт

а а а

Хиларија и Алек Болдвин се појавија пред неколку дена на отворањето на „Planet Hollywood“ во Њујорк. Поради тоа што инструкторката по јога му го кажала на својот сопруг, на социјалните мрежи се појавија лавина коментари.

За време на интервјуто за „Екстра“, камерманите уловија незгоден момент меѓу парот кој стана вирален на социјалните мрежи.

Новинарката ја прашал двојката дали планираат да снимаат втора сезона од шоуто „The Baldwins“, чија прва сезона се емитуваше на крајот на февруари оваа година. Хиларија застанала за момент пред да одговори, а Алек скокнал и на шега рекол: „Хиларија шоу“. Хиларија на тоа додала: „Не, мислам дека ќе видиме, знаеш, ќе видиме какво е чувството сега кога сезоната излезе“.

Алек потоа повторно се вклучил во разговорот.


„Ќе биде одлично. Ти си победникот“, рекол тој. Тогаш Хиларија одеднаш се свртела кон него и налутено му рекла: „О Боже. Кога јас зборувам, ти не зборуваш“. Актерот ѝ се извинил, а Хиларија му повторила дека кога таа зборува, тој мора да молчи.

Таа потоа се сврте кон новинарката и се пошегувала: „Затоа ќе треба да го исфрлиме од шоуто“. По неколку секунди тишина, Хиларија се насмеала и продолжи да одговара на прашањето. „Мислам дека ова е многу сурово шоу и е реално, презедовме многу ризици и ќе видиме каде ќе нѐ однесе“, рекла таа меѓу другото.

За време на интервјуто, Алек зборувал за разликите помеѓу телевизиско шоу без сценарио и читање од сценарио. Тој рекол дека кога станува збор за нивниот секојдневен живот и рутини, чувствува „желба да го направи посмешно отколку што всушност е“. Тогаш Хиларија се вмеша во разговорот и рече дека не мисли дека нејзиниот сопруг го прави шоуто смешно.

„Се обидувам. Не го сфати ли тоа од серијата“ ѝ се обратил тогаш актерот, на што неговата сопруга одговорила: „Не. Ајде само да го отсечеме тој дел. Ајде да те отсечеме кога се обидуваш да направиш нешто смешно“.


Во останатиот дел од интервјуто, Хиларија зборуваше подетално за нивното шоу, а неколку пати го обвини Алек дека ѝ го одвлекува вниманието. Сега ми го одвлекуваш вниманието. Сега го правиш ова, зошто? Тогаш актерот се обидел да ѝ даде комплимент дека го зашеметува со нејзината убавина, но таа не му се заблагодари за комплиментот, туку повторно му рекла дека ѝ го одвлекува вниманитео од интервјуто.

Во еден момент Алек повторно ѝ кажал на сопругата дека е убава, по што таа се свртела кон него и повторно налутено му рекла: „Престани, досаден си. Престани. Не е слатко. Само ми го одвлекува вниманието“. Алек потоа погледнал кон камерата и тивко кажал неколку зборови, кои ги видела неговата сопруга. Таа потоа ги фрлила рацете во воздух и рече: „Го напуштам ова интервју веднаш“.

Новинарката потоа ја сменила темата на разговор, а Алек на самиот крај на видеото почна да се оддалечува од сопругата. Непријатниот момент го привлече вниманието на јавноста, а многумина се огласија на социјалните мрежи за да го споделат своето мислење за нивниот разговор.

„Каков глас има таа?“, „Зошто го понижува вака?“, „Тој е многу постар од неа, ѝ одговараат неговите пари, но сега кога е стар, време е да го понижи“, „Срам ми е да го гледам ова“, „Таа е неподнослива“, многумина го критикуваат однесувањето на Хиларија Болдин. Некои дури го окарактеризираа како злоупотреба на постарите.

„Тоа беше вистински одраз на нивната врска. Тие се тестираат еден со друг. Можеби на некои им изгледаше загрижувачки, но сето тоа беше разиграна шега", рекол извор за Дејли Мејл.

Интервјуто за „Екстра“ многумина различно го толкуваат.

 „Алек мисли дека Хиларија е неверојатна и му се допаѓа што таа може да го прифати неговиот хумор бидејќи Алек никогаш не е воздржан во ништо што прави и обратно.“


„Не сфаќајте погрешно, меѓу нив секогаш има огномет, тоа е она што ги движи. Сакаат да се предизвикуваат еден со друг“, додал инсајдерот.


И покрај тоа, невремето не стивнува. Она што наводно ним им е смешно, на другите им е претажно. Среде критиките, славниот пар се огласиле на Инстаграм каде повториле дека се работи за шега. Нивното реално шоу „The Baldwins“ е на големо следено, а актерот и неговата сопруга откриваат голем број детали за нивното секојдневие со седумте деца. Иларија и претходно била мета на негативни реакции поради лажниот шпански акцент, а со новото интервју стави печат на својата репутација на најомразена позната сопруга.