Халанд мирен околу потенцијалната казна за Сити: Веќе триста пати кажав…

Дерби

23/03/2025

17:20

1.956

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити наскоро би требало да ја дознае потенцијалната казна за случајот со 115 прекршоци на финансискиот фер плеј, случај кој некое време се влече, па има многу прогнози, предвидувања за тоа што може да се случи.

Засега нема ништо ново на оваа тема, а мирен во однос на ова прашање е Ерлинг Халанд кој пред неколку месеци потпиша мега договор со составот од „Итихад“.

-Јас тоа не го правам, очигледно со оглед на тоа што потпишав девет ипол годишен договор. 300 пати кажав зошто го потпишав договорот. Разговарав со клубот, добив добро чувство и на крајот се согласив на тоа. Затоа, -рече Норвежанецот кој даде коментар и за сезоната на екипата која рано беше елиминирана од ЛШ, а ќе остане и без врвот, тронот во Премиер лигата.



-Така е понекогаш. Поинаку е кога сте ја освоиле Премиер лигата двете години и не сте во трката за титулата. Но, не можете да победувате секоја година. Сега станува збор за обезбедување на место во Лигата на шампионите и да се направи нешто што може да се направи: да се освои ФА Купот, -порача голгетерот.