Хари Кејн ќе ја предводи англиската репрезентација како капитен и во селекторската ера на Томас Тухел, а прв предизвик за актуелниот европски вицешампион ќе биде националниот тим на Албанија.
На вчерашната прес-конференција, напаѓачот на Баерн Минхен зборувал на разни теми, а новинарите го прашале и дали очекува да се бори за „Златната топка“.
– Минатата сезона постигнав 40 голови, но беше јасно дека немам шанси затоа што не освоивме ниту еден трофеј.
– Јасно беше дека додека настапував за Тотенхем, немаше да освојам „Златна топка“ без разлика колку голови ќе постигнам, јасно е дека не ја освоиш Лигата на шампионите немаш реални шанси да бидеш во најтесниот круг. Завршив на десеттото место како член на Тотенхем и тоа ми беше најдобриот пласман досега.
– Сега шансите се реални, се чувствувам поценето во глобални рамки, оваа сезона сум поблиску до целта и тоа амбиција за која сакам да се реализира, – рекол Кејн.