Отстранети штандот за свеќи и книгата на жалост иако сѐ уште трае седумдневната жалост, реагираат граѓаните на Кочани

Макфакс

21/03/2025

12:16

5.001

Големина на фонт

а а а

Граѓаните на Кочани во објава на „Фејсбук“ реагираат дека се отстранети штандот за свеќи и книгата на жалост иако сѐ уште трае седумдневната жалост.

„Зошто се отстранети штандот за свеќи и книгата на жалост иако сѐ уште трае седумдневната жалост. Граѓаните на Кочани со огорченост реагираат на отстранувањето на штандот за палење свеќи и на книгата на жалост од градскиот парк. Овој простор, кој беше место за оддавање почит на жртвите, е тргнат и покрај тоа што сѐ уште трае седумдневната жалост“, се вели во нивната реакција.

Граѓанска реакција: Зошто е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако сеуште трае седумдневната...

Posted by Кочани on Friday, March 21, 2025

Граѓаните од целата земја во солзи и огромна тага се збогуваа од 59-те млади животи што згаснаа во пожарот во дискототека „Пулс“ во неделата. Повеќето од нив беа погребани во Кочани.

Во Кочани беа погребани 31 од жртвите, најмладите имале 16 години. Некои од жртвите беа погребани во Штип, Виница, Облешево.

Шест од загинатите се малолетници, најголем број од жртвите се на возраст помеѓу 21 и 26 години.