Бразил избегна разочарувачка ноќ на дербито со Колумбија и со гол во 99. минута успеа да ги израдува своите фанови со победа од 2:1.
Винисиус Жуниор стана херој на „селесао“, постигнувајќи гол во последната минута од средбата и тоа со атрактивен погодок со удар упатен надвор од шеснаесетникот на гостите.
Рафиња од пенал и Диаз од игра беа реализатори во првото полувреме, а до решавачката реализација се чекаше долго, односно до 99. минута, кога Винисиус предизвика еуфорија меѓу домашните фанови.
Бразилците ја прекина серијата од два натпревара без победа во мундијалските квалификации, а се пробија и на второто место на табелата во јужноамериканската зона.
🚨🚨🚨GOLAÇOOOOOO VINI JR!!!!! 🥶
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) March 21, 2025
A LAST MINUTE GO AHEAD GOAL 🇧🇷🇧🇷🇧🇷 pic.twitter.com/6qxL8iqSk8