Брони испорача прв двоцифрен ефект, Кари заработи незгодна повреда

Дерби

21/03/2025

11:24

6.181

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс немаше сили да му се спротивстави на Милвоки на домашен терен без голем број важни играчи во ростерот, а натпреварот ќе биде запаметен по првиот двоцифрен ефект на Брони Џејмс во НБА лигата.

Синот на Леброн добро ја искористи минутажата и го заврши натпреварот со 17 поени, 5 асистенции и 3 скокови, а ист реализаторски ефект имал и Кнехт.

На овој дуел покрај Џејмс сениор, не настапија и Дончиќ, Ривс, Хачимура, Фини-Смит и Вандербилт.

Адетокумбо со 28 поени го заврши натпреварот како најдобар поентер, а го следеа Трент и Кузма со 23, односно 20 поени.

Голден Стејт победи пред своите фанови против Торонто, но Стеф Кари мораше да замине директно во соблекувална по еден незгоден пад, завршувајќи го дуелот со 17 поени.

Шарлот – Њујорк 115:98

Индијана – Бруклин 105:99 (п)

Голден Стејт – Торонто 117:114

Сакраменто – Чикаго 116:128

Л.А Лејкерс – Милвоки 89:118