Пикси: Не сум задоволен, можев добро да заработам…

Дерби

21/03/2025

10:34

1.843

Големина на фонт

а а а

Драган Стојковиќ изјави дека ќе потпише реми во Виена во пресрет на двомечот со Австрија во Лигата на нации, а откако неговите фудбалери се изборија за нерешен резултат на „Ернст Хапел“ (1:1), селекторот на Србија даде уште една интересна изјава во јавноста.

Популарниот Пикси им порачал на српските новинари дека пропуштил добра шанса да заработи пари во обложувалница, бидејќи натпреварот се одвивал токму онака како што замислил, но и како што најавуваше на пресот.

– Не можам да бидам целосно задоволен….. Можев да заработам пари ако се обложев на натпреварот…..

– Како и да е, сметам дека ова е добар резултат за нас со оглед на кадровските проблеми кои ги имавме, се на се, ова е позитивен исход за нас.

– Овој меч веќе е завршен и треба да се фокусираме на пресметката во недела. Нашата цел е да ја елиминираме Австрија, затоа беше многу важно да оствариме поволен резултат. Сега тргнуваме од нула, ќе има мали промени во тимот кој ќе излезе во Белград, но очекувам да извојуваме победа, – изјави Пикси.