Мбапе се обиде да симулира пенал на „Пољуд“, Модриќ се налути и му се внесе во лице

Дерби

21/03/2025

10:32

1.779

Големина на фонт

а а а

Дуелот меѓу Хрватска и Франција во Сплит донесе директна пресметка и меѓу двајца добри соиграчи, односно двајца капитени кои секојдневно ја делат соблекувалната во Реал Мадрид.

Лука Модриќ му беше домаќин на Килијан Мбапе на „Пољуд“ и излезе како победник во натпреварот кој заврши 2:0, а на кој во финишот видовме и една специфична ситуација.

Францускиот капитен се обиде да изглуми и да исценира пенал во 87-та минута во една акција во која ситуацијата ја расчисти Модриќ, но таквиот обид на Мбапе на момент го налути далеку поискусниот фудбалер.

Лука веднаш се стрча кон Мбапе и му се внесе во лице, а додека го стануваше од земја, јасно му порачуваше да не симулира пенал.

Ваквата реакција на Модриќ беше прифатена со насмевка од Мбапе, по што и Хрватот сфати дека судијата нема да наседне на обидот на Французинот.

Видеото погледнете го ТУКА.