Ирвин Меџик Џонсон е едно од најголемите кошаркарски имиња на сите времиња, ас со пет НБА прстени, многу индивидуални признанија, па секој негов став, коментар има посебна тежина.
Легендата на Лос Анџелес Лејкерс и денеска со многу внимание ги следи сите кошаркарски натпревари, настани и од негов агол за еден играч може да се каже дека е најдобар на светот-тоа е членот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ.
- Јокиќ е најдобриот играч во светот во моментов, нема сомнеж за тоа. Неговата кошаркарска интелигенција и способност лесно да ги чита намерите на противниците се неспоредливи.
- Цело време е надвор од ритам и игра со свое темпо, слично како Крис Малин. Не би се осмелил да кажам дека тој веќе е еден од најдобрите на сите времиња, но тој е на добар пат да стане, - порача Џонсон.
Србинот веќе има освоено три награди за најкорисен играч во НБА, а и сезонава е во најтесниот круг, води жестока битка со Шеј Гилџис Алексендер од Оклахома Сити Тандер.